Кошаркарите на Тетекс започнаа да се подготвуваат за новата сезона

27

Кошаркарскиот клуб „Тетекс” од Тетово ги започна подготовките за новата сезона во Втората кошаркарска лига. На спортскиот центар во Тетово на отворено екипата со кондициони тренинзи ќе се подготвува во текот на наредните две недели под раководство на тренерот Димитрија Вучески и директорот Славчо Марковски-Чаве.Потоа ќе започнат со тренирање во затворено во една од спортските сали во градот.

-Во новата сезона за нас нема да игра Мевљан Јонузи кој замина во МЗТ Скопје 2, додека во нашите редови се врати Михаил Ценовски, кој досега настапуваше за АВ Охрид. Tоа е истиот играчки кадар од лани само со овие промени. Минатата година освоивме четврто место во Втората лига, се надевам дека годинава ќе имаме добар резултат, изјави Славчо Марковски-Чаве.

Натпреварувањата во Втората лига започнуваат во текот на октомври.