Коцијанчич: ЕУ ги следи националните процедури за имплементација на Договорот од Преспа

40

 

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич денес изјави дека ЕУ го поддржува Договорот од Преспа и внимателно ги следи националните процедури кои треба да се спроведат за негова имплементација.

-Ова е уникатна можност да се надминат потешкотиите од минатото и да се зајакне помирувањето во регионот и во Европа. Ги следиме националните процедури кои треба да се спроведат за да се имплементира договорот, рече Коцијанчич запрашана за коментар околу ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција, по усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент.

Таа повтори дека „ЕУ го поддржува историскиот договор од Преспа, кој претставува израз на политичка храброст и лидерство во решавање на еден од најстарите спорови во регионот“.