Котлар: Формирање центар за ментално здравје со дневен престој за деца со попречености

82

Кандидатката за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Наташа Котлар-Трајкова, соопшти дека планира во општината првпат да се формира центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со аутизам, Даунов синдром и други попречености.

– Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негуватели. Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството, рече Котлар.

Најави и изградба на четири нови градинки со капацитет да згрижат околу 600 деца, во населбите Пролет, Маџир Маало, Дебар Маало и Капиштец, како и организирање зелено училиште за учење во природа.