Косовската полиција упаси руска новинарка осомничена за шпионажа

119

Косовските безбедносни органи ја уапсија Русинката Дарија Асламова, соопшти министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.

Вообјава на Фејсбук, Свечла посочи дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.

– Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина, напиша Свечла.

Свечла рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.

– Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја, рече меѓу другото Свечла.