Косовската полиција трага по монструмот кој ја уби бремената сопруга: Барал да му го даде бебето

1601

Триесет и едногодишниот Сокољ Халили, по кој се уште трага косовската полиција е осомничен дека ја убил сопругата, која била во деветтиот месец од бременоста, пред клиниката за гинекологија во Приштина.

Вчера попладне бил пронајден автомобилот во кој Халили наводно побегнал откако испукал три куршуми во сопругата Хамиде Магаши (35). Автомобилот бил пронајден во Штимље. Полицијата се сомнева дека веднаш побегнал од Косово и дека се укажува на тоа дека убиството го планирал долго време.

Халил Халили, таткото на осомничениот за убиството на неговата бремена сопруга, за новинарите изјавил дека повеќе не сака да го види синот.

– Вознемирен сум и многу нервозен. Штета, штета, штета. Имам порака. Се надевам дека вакво зло никогаш повеќе нема да се повтори. Не знам што да правам – вели Халили и вели дека повеќе би сакал тој и сопругата да биле мртви.

Тој наведува дека се обидел да комуницира со неговиот син, но според него, Сокољ не го вклучувал телефонот, ниту одговарал на пораките што му биле испратени. Халили изјавил и дека имал добри односи со снаата, но нагласил дека младиот пар имал проблеми особено кога Хамиде останала бремена.

Хамиде работела во Општина Урошевац на одржување на хигиена и неодамна дала отказ на работа.

Фото: Социјални мрежи

Сокољ и Хамиде биле во брак само четири месеци, по што се разделиле поради несогласувања. Триесет и петгодишната Хамиде живеела во куќата на нејзините родители во Липљање. Таа во средата отишла во клиниката во Приштина на преглед пред породувањето, што се очекувало следната недела.

Халили добил забрана за приближување до Хамиде, бидејќи на 10 август во куќата на нејзините родители и се заканувал на сопругата. Инаку, како што пренесуваат локалните медиуми осомничениот е осуден и казнет од судот во Урошевац за носење оружје без дозвола.

Сестрата на жртвата, наведува дека Хамиде трпела семејно насилство, пишува Блиц.

„Секогаш кога и се јавувавме велеше дека не може да зборува“, вели сестрата на Хамиде Магаши, додавајќи дека несреќната трудница била придружувана од нејзината свекрва дури и кога сакала да оди кај сестрите. Како што објаснила во интервју за gazetaexpress.com, нејзиниот партнер во неколку наврати ја тепал со пиштол по глава.

Хамиде Магаши беше убиена во дворот на гинеколошката клиника во Приштина. Нејзиниот сопруг Сокољ Халили (31) е осомничен за грозоморното убиство на жената, која била во деветтиот месец од бременоста, кој во средата околу 18 часот испукал три куршуми кон неа кога излегла од гинеколошката клиника.

СТРАОТНО ЗЛОСТОРСТВО ВО КОСОВО: Маж ја убил сопругата пред болницата каде дошла да се пораѓа