Косовската полиција ги затвори премините Брњак и Јариње

54

Косовската полиција вечерва соопшти дека ги затворила премините Брњак и Јариње за патнички сообраќај и возила.

Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека премините се затворени поради блокадите на патиштата кон Јариње и Брњак.

Граѓаните се известуваат за сообраќај да користат други премини.