Косово не е опција за Матеус

20

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус денес негираше дека ќе стане селектор на косовската репрезентацијата.

Матеус се насмеа на шпекулации на медиумите во Приштина дека би можел да го наследи Алберто Буњаку на селекторското место пред новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2020 година.

  • Таа информација воопшто не е точно, и не знам од каде доаѓа, изјави Матеус.

Тој има искуство со водење национални тимови, бидејќи беше предводник на Унгарија и на Бугарија, а како тренер на Партизан обезбеди пласман во Лигата на шампионите 2003 година.

За време на неговата кариера, Матеус како капитен, го предводеше германскиот национален тим на патот кон титулата светски шампион во 1990 година, а потоа беше избран за најдобар играч во изборот на ФИФА.