Косово има повеќе од 400 нерешени убиства!

73

Од прогласувањето на независноста до денес во косово има повеќе од 400 нерешени убиства, а најновото е тројното убиство во Глоџан, изјави косовската пратеничка Хикмете Бајрами, повикувајќи ги косовските институции да побараат помош од меѓународната заедница, пренесува порталот KoSSev.

Поминаа три дена од злосторството во селото Глоџан каде три лица еба убиени, а едно рането. Косовската полиција ангажирала голем број службеници што се занимаваат сос лучајот, но заега се уште никој не е уапсен.

„Косовската влада, Министерството за внатрешни работи, Косовската полиција и Косовската разузнавачка агендција би требало да се сметаат солидарно одговорни за недостатокот на резултати во откривањето на убиството во Глоџан кај Дечани“, изјави Бајрами.

Пратеничката од Демократскиот сојуз на Косово, посочува доколку косовските институции не се во можност да го пронајдат убиецот, тогаш би требало да побараат помош од пријателите, на прво место од американските безбедносни институции.

„Секое убиство мора да се реши, посебно убиство на двајцата ученици и на возачот што се случи во петокот во Глоџан“ – нагласи Бајрами.

Косовската влада за да го разреши убиството, вчера понуди награда од 20.000 евра на секој кој има ингормации што би можеле да доведат до апсење на убиецот.