Корона-валцер: Комично, но тажно/ВИДЕО

194

Гала танцот во Чешка стана вистински хит на социјалните мрежи. Видеото на кое танчери свртени со грб еден кон друг играат валцер, го погледнале повеќе од милион луѓе.

Гламурозните маски, какви што обично се гледаат на баловите, беа заменети со заштитни маски за лице, а партнерите за танцување беа свртени со грб.

Од една страна, се чини комично, но истовремено и тажно.

Корисници на Твитер пишуваат дека танцот е направен за да се исмеваат новите мерки на чешката влада против ковид-19.

Без оглед дали станува збор за шега или реалност, видеото предизвика огромен интерес на социјалните мрежи.