Коронавирус меѓу државниот врв во Турција

52

Портпаролот и советник на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека е заразен со коронавирус.

Претходно денеска, турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу исто така објави дека е позитивен и е хоспитализиран.

„Јас сум во завршна фаза на лекување на коронавирус со благи симптоми. Сега сум добро. Благодарност до сите што се јавуваат, прашуваат, испраќаат пораки, се молат“, напиша Калин на Твитер.

Како што порано изјави шефот на Министерството за здравство, Фахретин Коца, пандемијата на коронавирус во Турција го достигна својот втор врв. Бројот на novoоткриени случаи на инфекција со коронавирус во Турција досега е 2322, што е најголема бројка од крајот на април. Во таа земја досега се регистрирани 375 илјади позитивни, од кои 10.252 починале.

Извор:МИА