Коронавирусот дојде и во Мексико, крузер одбиен да влезе во Јамајка и Кајмански Острови

45

Мексико за првпат регистрира коронавирус во земјата откако двајца граѓани кои патувале во Италија имале позитивна дијагноза, а две карипски земји, Јамајка и Кајмански острови, одбиле влез на крузер во своите води.

Според Хуго Лопез Гател, заменик министер за здравство, едниот од заболените е во Мексико Сити, а другиот во северната држава Синалоа, јави „Лос Анџелес тајмс”. Според него, тестовите за вториот случај се уште не се готови, но „го третираме како потврдено”.

Заболените Мексиканци се чувствуваат добро.

Епидемијата на смртоносниот нов корона вирус Ковид-19 се прошири од Кина во над 50 земји на сите континенти, освен Антарктикот. Во целиот свет, речиси 88 илјади се инфицирани, а досега починаа 2,872 лица.

Денеска, крузер со 6.000 туристи на крстосување низ Карипското Море што бил одбиен да влезе во водите на Јамајка и на Кајмански Острови, му било одобрено да се укотви во пристаниште на Мексико.

На патниците ќе им биде дозволено да стапнат на копно се додека не ги поминат „лекарските стандарди”, изјави мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор.

Бразил синоќа го потврди првиот случај на коронавирус во Јужна Америка.

Извор:МИА