Коронавирусот го убиваат сите средства за дезинфекција, порачуваат руските научници

473

Секое средство за дезинфекција го уништува коронавирусот, изјави денеска директорката на Федералната служба за фитосанитарна супервизија на Русија (Роспотребнадзор), Ана Попова.

„Секое средство за дезинфекција на одредена концентрација е фатално за овој вирус. Односно, без оглед на тоа со што бришеме, главната работа е да користиме средство за дезинфекција “, изјави Попова за телевизијата „Русија 1“.

Попова потсети дека вирусот останува на површините и до 48 часа, така што чистењето со влажна крпа и обработка на контактните површини со средства за дезинфекција остануваат сегашното средство за заштита од инфекција.

Претходно, Роспотребнадзор објави дека државниот научен центар „Вектор“ ја проучувал можноста вирусот да остане активен на површините.

Научниците од „Вектор“ потврдиле дека вирусот е одржлив на различни површини (не’рѓосувачки челик, линолеум, стакло, пластика, ќерамика) подолго од 48 часа и дека неговата способност може да послужи како извор на зараза.

Притоа, третирањето на површината со дезинфекциско средство овоможува таа да се исчисти од вирусните честички за само неколку минути.

Научниците испитале неколку различни дезинфектанти: хлорни соединенија, алкохол, средства на база на кватерни амониумски соединенија и терцијарни амини.

Резултатите покажале дека сите агенси брзо и ефикасно го убиваат вирусот.