Коронавирусот го загрозува животот на Марина – и обичен грип би ја уништил, а не оваа инфекција

774

Одвај да е жива, јавуваат српските медиуми за легендарната хитмејкерка Марина Туцаковиќ, за која и ние пред неколку дена пишувавме, но по друг повод.           Марина е болна од рак, а на сето тоа има и коронавирус во нешто поблага форма. Сепак, лекарите во болницата не се оптимисти.                                                             – Таа е во екстремно тешка состојба, пред сè поради својата малигна болест, а ковидот само дополнително ја загрозува. Разберете, правиме сè што можеме, да ја спасиме. Со таквата состојба и обичен грип би ја уништил, а не вакво нешто страшно, изјавил доцна синоќа многу загрижено професорот Савиќ.                                             Марина Туцаковиќ во вторникот е хоспитализирана и се наоѓа под будно око на медицинскиот персонал. Покрај тешката малигна болест со која Туцаковиќ се бори со години, сега коронавирусот дополнително ја компликува нејзината здравствена состојба.                                                                                                                     Никој не е оптимист, но дај Боже, велат сите да се спаси и да си го продолжи животот. Нејзината најдобра другарка пејачката Цеца Ражнатовиќ не е расположена да коментира, но и таа е видливо потресена и загрижена. (Д.М.)