Коронавирусот ги спои повторно по 70 години

160

Две жителки на австриската покраина Тирол се запознале пред повеќе од 70 години, во клиника во градот Инсбрук. Тие сега повторно се сретнаа – овојпат поради зараза со коронавирус.

Кон крајот на 1950-тите во Австрија, слично како денес, владеела епидемија на смртоносен вирус, од којшто заболеле околу 4.000 луѓе, претежно деца. Меѓу нив и две девојчиња – Брунхилде Хел и две години повозрасната Илзе Фишлер. Тие две тогаш делеле иста соба во болница повеќе седмици.

По повеќе од шест десетлетија, тие повторно во истовреме, се заразиле. Сега – со коронавирусот. И, повторно – по игра на судбината, двете се нашле во иста соба, како некогаш – кревет до кревет.