Копаат гробови за починатите бидејќи одбивале да носат заштитна маска

82

Оние кои одбиле да носат маски за заштита од вирусот корона се казнети да копаат гробови за оние кои починале од корона во индонезиската провинција Источна Јава.

„Во моментот имаме на располагање само три копачи на гробови, па решивме оние кои одбиваат да носат маски да ги ангажираме, изјавил еден од локалните политичари, пренесува Џакарата пост.

Казнетите луѓе не доаѓаат во контакт со мртвите, туку само ја извршуваат копање и подготовка на ровот, а здравствените работници во заштитни костими ги спуштаат мртвите, така што е осигурано дека не постои изложеност на вирусот.

Индонезија во април донесе закон според кој е обврзно носење маски, а правилата подоцна беа заострени бидејќи Источна Јава во јули бележеше голем скок на заразени, а тога беше утврдено дека 70 отсто од луѓето не носат заштитни маски.

Земјата до сега забележа повеќе од 220.000 случаи на заразени и речиси 9000 мртви.

Извор:www.dailymail.co.uk/news/article-8729991