Концерт: „Со звуците на обоата“ со Гордана Јoсифова Неделковска

67

„Со звуците на обоата“ е насловот на концертот што ќе се одржи на 2 декември од 19 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На обоа ќе настапи Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасоака Ивановска. На програмата се дела од познати  композитори.

„Гордана Јосифова-Неделковска е редовен професор по предметите обоа, камерна музика и методикс на наставата на дувачките инструменти на ФМУ, а како солист настапува со многу значајни оркестри меѓу кои Симфонискиот оркестар на националната капела на Санкт-Петербург, камерниот оркестар ‘Музикавива’ под водство на истакнатиот диригент и виолончелист Александар Рудин, Сервантес Филхармонија од Шпанија, Синфониета од Финска, оркестарот на Вилах Филхармонија од Австрија, оркестарот на Моравската Филхармонија од Чешка. Елена Атанасовска-Ивановска, пак, е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа“, стои во најавата за концертот.