Концерт на трио „Аура“ во Софија

82

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечерва, од 18.30 часот концерт ќе одржи триото „Аура“ кое го сочинуваат флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски.

Тројцата музичари работат и како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано голем број рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија…

„Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот. Критиката ги нарекува ‘мајстори на својот инструмент’, а поради забележителните концерти во својата земја и во странство, тие несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија“, соопшти македонскиот КИЦ во Софија.

Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото често промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за нив.