Концерт на староградска песна со октетот “Прилеп“

59

Октетот „Прилеп“ во четврток 15 август од (20 часот) во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни,  и во настапот  на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.