Продукцијата Авалон најавува концерт на најпопуларниот и најпродаваниот женски гудачки светски квартет BOND. Тие за прв пат доаѓаат во Скопје со гала концерт на 20 март во Македонската филхармонија.

Квартетот BOND зад себе има милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чин на пркосење со стиловите. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Квартетот BOND

Квартетот е нарекуван и „Spice girls на класичната музика“. Тие имаат продадено 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.

БОНД  зад себе имаа многубројни настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (7 февруари) во 9 часот наутро.

(М.А) – Фото: Авалон