Концерт во Газа против Евросонг

47

Палестинците во  Појасот Газа синоќа во знак на протест против Евросонг, пееја традиционални народни песни на урнатините на станбена зграда која минатата недела била уништена од страна на израелски воени авиони.

Импровизираниот концерт бил во исто време временски со Евросонг.

Палестинските пејачи извеле серија традиционални песни во кои пееле за љубовта и мирот во светот.

– Го закажавме концертот во исто време  со натпреварувањето за песна на Евровизија во Тел Авив како начин да го изразиме нашето негодување со одлуката овој настан да се одржи во Израел, кој продолжува да извршува злосторства врз палестинскиот народ, изјави координаторот на групата Џусур Камел Мусалам.

Мусалам истакна и дека „музиката е јазик на мирот и љубовта, но оти одржувањето на Евросонг во Израел се користи за прикривање на израелските окупатори“.