Конте има нова желба

125

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Интер, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на големиот талент од редовите на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Офанзивниот играч за врска не крие дека е незадоволен од минутажата која ја имаше во изминатата сезона и не крие дека е можно да си замине од Рим за време на летниот преоден рок. Најновата желба на „нероазурите“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за репрезентативецот на Италија не биде помала од 30 мил. евра.