Конмебол со одговор до Меси

72

По обвинувања на Лионел Меси до Фудбалска федерација на Јужна Америка во однос на организација на годинешната Копа Америка, од оваа организација излегоа со реакција преку соопштение до јавноста.

Воопшто не е прифатливо, врз основа на поедини инциденти во натпреварувањето, во кое под истите услови учествуваат 12 екипи, да се изнесат тешки, неосновани и лажни обвиненија и да се доведе во прашање чесноста и регуларноста на Копа Америка “, се вели во соопштението на Конмебол.

Од ова организација додаваат дека основата на фер-плејот е да се прифатат резултатите со почит, и дека истото важи и за процените на судењето на судиите, кои зависат и од човечкиот фактор и секогаш ќе бидат предмет на подобрувања.

Меси јавно ги обвини судиите по натпреварот против Бразил, дека Аргентина не добила два чисти пенали, но и дека целото првенство е наместено и дека домаќинот сигурно ќе биде шампион.