Кондовски: Верувам силно во победата на СДСМ во Битола

21
Верувајте ми покрај вас силно верувам во победата, не само затоа што со овие сили на прогресот обединети е математички пресметливо, верувам затоа што сме единствената опција која има програма и која гарантира со програма и со проекти, истакна на вечерашниот предизборен митинг на СДСМ кандидатот за градоначалник на Битола од таа партија Христо Кондовски.

Кондовски пред сопартијците и членови на коалициските партии посочи дека само СДСМ има програма и гарантираме дека сто проценти ќе ја исполниме.

-Ветивме многу, а ќе исполниме исто така многу. Ветивме стотици мали месни проекти во нашите рурални средини, во нашите мали, во нашите сокачиња. Уште од првиот ден ќе почнеме да работиме. Едвај чекам да работиме. Ветивме 22 големи проекти од кои десет се капитални проекти.  Ветивме долго очекувано решение на проблемот во централното градско јадро, ветивме зелена Битола, ветивме дека топлификацијата и гасификацијата ќе пристигнат, истакна Кондовски.

На предизборниот митинг нагласи дека во градот ќе биде решен проблемот со долги години не донесениот генерален урбанистички план.

-Верувајте ми имам сила енергија, визија и знаење заедно со вас тоа да го работам од првиот до последниот ден. Знам дека сме позитивно насочени, дека сме насочени кон развој. Секој еден слободен денар на развојниот буџет на Општина  Битола ќе се инвестира во инфраструктура. Само така граѓаните ќе знаат дека секој еден нивни денар е вложен во капитал. Не е прашање дали да се гради, прашање е како ќе се гради. Ќе се гради многу, од делот на стопанството и од делот на јавниот буџет, посочи Кондовски.

Новата локална самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата ќе гради плански во урбаните и руралните средини и затоа очекувам победа,истакна кандидатот за градоначалник Христо Кондовски.