Кому ќе му донесе среќа 2022? – За еден хороскопски знак ова ќе биде посебна година

5528

Ако ништо друго, тогаш според ѕвездите и планетите 2022 треба да биде среќна година. Астролозите потсетуваат дека во текот на 2022 година, Јупитер, планетата на среќа, авантури и мудрост, ќе биде во идеална позиција. Годината почува со Јупитер во знакот на емпатичните и имагинативни Риби, што воедно е и хороскопски знак на целото негово владеење.

Ваквата позиција на планетата на среќата, во 2022 година посебно ќе им донесе убави денови на Рибите, но и на уште три други знаци:

ОВЕН

Овенот ништо не сака повеќе од тоа да се докажува себе си и својот потенцијал. Оваа година Јупитер ќе му даде многу шанси за тоа. И тоа ќе биде само почеток и загревање бидејќи вистинското време за полна самодоверба на Овните доаѓа во 2023 година.

РАК

Раковите во 2022 година ќе доживеат бројни нови авантури и искуства, а се благодарение на оној дел со Јупитер во Риби. Во текот на 2022 година родените во знакот на Рак ќе доживеат еден потполно поинаков свет и поглед на живот.

ШКОРПИЈА

Јупитер во оваа позиција оваа година им носи среќа и на Шкорпиите. За овој знак се ќе биде многу поромантично, пострастно и поубаво од вообичаено. Шкорпиите со уметничка дарба ќе доживеат голем кретивен препород. Шкорпии, за вас само небото е граница!

РИБИ

На Рибите ова може да им биде најдобра година во животот. Уште во 2021, Јупитер беше во знакот на Риби, но само на кратко. Во текот на тој период Рибите почнаа да ги сфаќаат тајните на своето срце и само го чекаа моментот нешто да се активира. Сега ЈУпитер повторно се здружува со Рибите и на обвој знак му испраќа неверојатна количина на љубов и на среќа. Риби, отпуштете го своето его и ќе имате се!