Кому ретрограден Меркур ќе му донесе среќа: Овие знаци ги очекуваат големи љубовни пресвртници

541

Сонцето што влезе во знакот на Вага на 23 септември почна да не осветлува и да ги активира желбите што беа скриени во нас. Според Зодијакот, до 22 октомври мислите на многумина ќе бидат насочени кон решавање на деловните проблеми, како и несогласувања во партнерствата.

Сепак, некои ќе имаат повеќе, а некои помалку среќа на патот кон решавање на проблемот.

Вагите се полни со љубов, убавина и добрина, така што планетата ќе ги покаже сите свои гореспоменати карактеристики до 22 октомври. Полната месечина на 24 септември подигна сѐ на повисоко ниво, а на 26 септември се приклучува ретроградниот Меркур, последниот оваа година.

Затоа, бидете мудри во овој период, добро погледнете кон сѐ што е зад вас, размислете, а пред тоа добро измерете ги сите можности.

Во следниот период, позитивните промени се врзуваат со припадниците на овие четири знаци на Зодијакот.

Вага

Вие сте способни да ги почувствувате сите привлечности и сјај на Сонцето во вашиот знак. Решете сѐ што ве оптоварува во последните месеци во однос на себе, вашата работа и емоционалните врски. Уживајте во овој период.

Овен

Транзитите се во вашата седма куќа. Движете се, има многу предизвици пред вас. Ако нешто не ви се допаѓа, сменете го. Реагирајте брзо, бидејќи како и кај сите, ретроградниот Меркур може ќе ве наврати на некои стари приказни и можности, затоа искористете го тоа – ќе ви биде добро.

Близнаци

Ве очекува многу дружење, како и зголемена желба за излегување. Исто така, можете да се надевате и на убава емотивна приказна. Не реагирајте „на прва топка“, само опуштете се и уживајте.

Можно е да ви се врати стара љубов која ќе ви покаже дека емоциите меѓу вас никогаш не престанале да постојат.

Водолија

Активирајте се! Ќе блеснете во овој период, ќе бидете страствени и неодоливи. На некои може ќе им се укаже прилика за патување овие денови.

Ќе ви надојдат креативни идеи, и со малку трпение ќе можете да ги реализирате. Само бидете трпеливи и уживајте во периодот на Сонцето во Вага.