Комплекс стар 2.000 години пронајден во близина на Ѕидот на плачот – aрхеолошка сензација во Ерусалим

128

Во комплексот се пронајдени неколку предмети, како кујнски прибор, остатоци од газиени ламби и дел од камен сад што се користел во еврејски ритуали. Истражувачите прoнајдокот го нарекоа „неверојатно откритие“ и додадоа дека сè уште не е познато за што се користела зградата, која пред 1.400 години, во византиско време, била покриена од друга зграда. „Прашањето е зошто толку многу труд и материјали биле искористени за да се направат подземните простории во тврда карпа?“, велат Барак Моникендам-Гивон и Техила Садиел, водичи на ископувањето

Подземен комплекс врежан во карпа откриен во близина на Западниот ѕид во Ерусалим, според израелските археолози е археолошка сензација во Ерусалим. Комплексот се состои од неколку простории и отворен двор, а се верува дека го користеле жителите на Ерусалим пред Римјаните во 70 година (н.е.) да го уништат Вториот храм по опсадата на градот.

Истражувачите прoнајдокот го нарекоа „неверојатно откритие“ и додадоа дека сè уште не е познато за што се користела зградата, која пред 1.400 години, во византиско време, била покриена од друга зграда.

„Прашањето е зошто толку многу труд и материјали биле искористени за да се направат подземните простории во тврда карпа?“, велат Барак Моникендам-Гивон и Техила Садиел, водичи на ископувањето.

Во комплексот се пронајдени неколку предмети, како кујнски прибор, остатоци од газиени ламби и дел од камен сад што се користел во еврејски ритуали.

Ѕидот на плачот или Западниот ѕид претставува ѕид од времето на Вториот храм на Соломон во Ерусалим, односно е еден од преостанатите ѕидови на уништениот Втор храм и се смета за најважниот храм на јудаизмот. Овој храм бил најсветото место во јудаизмот.

Според Библијата, храмот на Соломон бил изграден околу десет века пред Исус Христос и бил разрушен од страна на Вавилонците во 586 година п.н.е. Вториот храм бил изграден во 516 година. Храмот повторно бил изграден од страна на кралот Соломон, син на големиот Давид. Но денешниот изглед на Западниот ѕид произвегува од времето на Ирод Велики, кој изградил огромни подпорни ѕидови околу храмот. По разрушувањето на Вториот храм од римјаните во 1 век (во 70 година), Ѕидот на плачот е единствената структура, која останала од него.

Градот Ерусалим под Отоманското Царство попаднал околу 1517 година. Сепак, османлиите имале добронамерен однос кон евреите, кои престигнувале од скоро цела западна Европа прогонети. Овде, за време на нивното владеење султанот Сулејман I ја изградил едната страна од ѕидот на тврдината која и денес е видлива. Според популарната легенда, Сулејман I се обидел да ги пронајде точните и останатите рушевини од храмот. Според исламската религија, тоа место е свето бидејќи тие Соломон го сметаат за свет пророк. Тие исто така сметаат и дека Мухамед бил овде се со цел да подоцна од ова место да воскресне.

Според Евреите, пак, ова е еден единствен храм кој постои, бидејќи самата синагога тие не ја признаваат како храм. Исто така, според нив овде е точното место каде Бог директно ги прима нивните аманети. Во секое време кај него може да се видат верници на јудаизмот коишто се молат. Некои од нив си ја удираат главата во камените на ѕидот. Помеѓу отворите од ѕидот обично се ставаат желбите на верниците кои се напишани на хартија. Некои верници веруваат, дека содржината на листот им пристига директно до нивниот Бог. Од другата страна на Ѕидот на плачот се наоѓа џамијата Храм на Скалата, од која се тврди, дека Мухамед токму од тоа место воскреснал.

Израелски археолози откриле печат од 6. век п.н.е.

Печати кои веројатно потекнуваат од 6 век пред нашата ера oткриени се од археолози во Ерусалим, објави Израелскиот совет за антиквитети. Отпечатокот од глина со големина од 4,5 сантиметри прикажува човек, веројатно крал, кој седи на голем стол, се вели во соопштението. Археолозите веруваат дека откритието му припаѓа на Персискиот период од Ерусалим, откако Вавилонците го уништиле градот (586 година п.н.е). „И покрај бројните ископувања во Ерусалим досега, откритијата од персискиот период се многу ретки и затоа ни недостасуваат информации за карактеристиките и изгледот на градот во тој период“, велат истражувачите Јувал Гадо и Јифат Шалев, истакнувајќи ја реткост на наодите.

Печати, изработени од парчиња глина, се користеле во античко време за да се потпишат документи или да се означуваат пакувања. „Откривањето на печатот во градот на Давид укажува дека, и покрај тешката состојба во градот по уништувањето, имало напори да се обнови градската администрација и неговите услуги што ќе ги користат жителите“, посочуваат истражувачите.