Кожувчанка донира неограничена количина на вода на сите вакцинални пунктови

60
Кожувчанка како општествено одговорна компанија склучи договор со Министерството за здравство за донација на неограничена количина на вода за сите вакцинални пунктови во земјава.
Како што информираат од компанијата неограничена количина негазирана вода Изворска ќе се дели на сите пунктови во земјата каде што се врши вакцинацијата, вклучително со најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.
Од компанијата додаваат дека во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваат голем број на клиники и Ковид центри насекаде во наша држава со негазираната природна изворска вода Изворска.
Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направеме истото, велат од компанијата.