Колин Кал: ИД може да ги нападне САД во следните 6 месеци

23

Изјавите на потсекретарот за одбрана Колин Кал се најновиот потсетник дека Авганистан може да продолжи да претставува сериозна закана за националната безбедност на САД, пишува Ројтерс.

Сведочејќи пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот, Кал рече дека сè уште не е јасно дали Талибанците имаат сила ефективно да се борат против Исламската држава, откако американските воени трупи се повлекоа во август.

Според Ројтерс, САД се бореле против талибанците, како и со таканаречената Исламска држава и Ал Каеда.

„Нашата проценка е дека Талибанците и Исламската држава се смртни непријатели.

Така, талибанците се многу мотивирани да ги нападнат“, рече Кал.

Кал процени дека таканаречената Исламска држава има „кадар од неколку илјади“ борци.

Вршителот на должноста министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки од новата талибанска влада рече дека тие ќе ja решат заканата што ја претставуваат милитантите на Исламската држава.

Тој исто така изјави дека Авганистан нема да стане база за напади врз други земји.

Кал посочи дека Ал Каеда е покомплексен проблем во Авганистан, со оглед на нејзините врски со Талибанците.

Токму овие врски ја поттикнаа американската воена интервенција во Авганистан во 2001 година по нападите на Ал Каеда на 11 септември на Њујорк и Вашингтон, а Талибанците ги криеја лидерите на Ал Каеда, потсетува Ројтерс.

Кал истакна дека на Ал Каеда ќе и бидат потребни „една или две години“ да ја обнови својата сила за напади надвор од Авганистан, односно САД.

Американските власти предупредуваат дека идентификувањето и мешањето во групи како Ал Каеда и Исламската држава е исклучително тешко без никакви војници во земјата.

Кал изјави дека САД сè уште немаат договор со земјите околу Авганистан за распоредување трупи за борба против тероризмот.