Колина целосно ќе биде задолжен за ВАР технологијата

20

Меѓународната фудбалска федерација ќе ги преземе сите активности поврзани со функционирањето на системот ВАР, Премиер лигата, па дури и другите лиги, повеќе нема да можат самите да ја прилагодуваат примената на овој систем.

Претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, ќе ја надгледува идната примена и употреба на системот ВАР и веќе објави дека системот за видео судииte ќе мора да се користи на ист начин ширум светот.

Оваа одлука значи дека нема да бидат можни слободни интерпретации за офсајд или игра со рака или, на пример, проверка дали голманот стоел на линија или не како што видовме досега, најчесто во Премиер лигата.