Ви се јаде нешто слатко, ама не сте расположени за сложени колачи, или за неколку коцки чоколадо.

Засисетете ја желбата за чоколаден десет и свежи јагоди во оваа неодолива, а брза комбинација на домашен колач кој потсетува на традиционаните брауни.

Потребно е:

  • 2 шолјички путер или масло
  • 4 шолјички вода или млеко
  • 10-12 шолјички шеќер
  • 12 шолјички брашно
  • 3 шолјички какако
  • јагоди или друго сезонско, шумско овошје

Приготвување:

Во сад ставете ги маслото, водата или млекото и целиот шеќер. Ставете ги да се варат и кога ќе се растопи шеќерот, и сето тоа ќе проврие, намалете го огнот и полека додавајте ги какаото и брашното. Кога сите состојки убаво ќе се соединат, излејте ја смесата во плех за печење, или калап што обично го користите и одозгора наредете го овошјето.

Печете го колачот околу 45 минути, или кога ќе проверите дека внатре не е лепливо.

Откако ќе се излади малку по печењето, ставете го колачот да се стегне убаво во фрижидер, пред да го послужите.