Колач од мандарини-клементини

42

Ароматичен колач чија основна состојка се мандарините. Може да се украси со слатка глазура или сос, шеќер во прав, мед и парченца клементини, или кандирани клементини. Во различни модерни интерпретации на основниот рецепт може да се сретне со чоколадна глазура и бела глазура од лимон и шеќер во прав.

Можно е да потекнува од тортата со портокал во сефардската кујна. Во популарната култура оваа торта имаше мала улога во филмот „Тајниот живот на Валтер Мити“ од 2013 година.

Потребно е:

  • 375г мандарини од сортата клементина
  • 6 поголеми јајца
  • 225 грама шеќер
  • 250 грама мелени бадеми
  • 2 лажичиња прашок за печиво

Приготвување:

Ставете ги крементините да се варат два часа, потоа оставете ги сосема да се изладат па сомелете ги во блендер, да добиете кашеста маса. Изматете ги јајцата, додадете ги шеќерот, бадемте, прашокот за печива и на крајот измешајте ја и кашата од клементините.

Во долгнавест сад, обложен со хартија за печење и намастен, а потоа сипете ја смесата за колачот.

Во претходно загреана рерна, на околу 150-180 степени Целзиусови, печете го колачот околу еден час.

По четириесет минути, извадете го колачот и покријте го со фолија за да не изгори и вратете го во рерна.