Колачи со пиво и ореви – направете нешто слатко набрзина

732

Направете малку поинакви, но вкусни посни бомбици со пиво и ореви. Овие колачи не се како класичните пиварки, иако во својот состав имаат пиво, но вкусот воопшто не им заостанува зад нив.

Нивната подготовка е многу брза, а од состојки потребни ви се:

  • 250 мл. пиво
  • 250 гр. шеќер
  • 200 мл. масло
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 3 шолји брашно
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 100 гр. ореви

Подготовка:

  • Пивото се става во сад со шеќер и ванилин шеќер, да зоврие на оган, додека не се стопи шеќерот.
  • Се лади и се додава масло, брашно и прашок за пециво
  • Се добива средно тесто (доколку ви е потребно можете да додадете брашно)
  • Се формираат бомбици
  • Во секоја бомбица се става јатка орев и се редат на тепсија со хартија.
  • Се печат на 180 степени,
  • Горе по вкус се става шеќер во прав

Уживајте во вкусот!