Кои се разликите помеѓу домашен карантин и домашна изолација?

1502

Што е карантин ?

Карантин значи да се одбегнуваат секакви социјални ситуации и контакти со други луѓе колку што е тоа возможно и да останете во својот дом.

Можете да излегувате на прошетка, трчање, возење велосипед, но сам и по секоја цена да одбегнувате близок контакт со други лица.

Другите членови од домаќинството не треба да ги ограничуваат своите редовни активности освен ако не им е поинаку кажано.

Кога има потреба од карантин ?

Ако се чувствувате здраво а сте имале близок контакт со лице за кое е потврдено дека е инфицирано.

Ако сте патувале во земјите со среден и висок ризик од коронавирусот.

Зошто карантин ?

За да се спречи ширењето и инфицирањето на ново луѓе со коронавирусот.

Што НЕ треба да правите кога сте во карантин !

  • Не одете на училиште, факултет, работа.
  • Не одете на состаноци, социјални собири, групни настани или преполни места.
  • Не повикувајте гости во вашиот дом.
  • Не одете на паѕарување. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството/пријател.
  • Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
  • Не патувајте.

Што е самоизолација ?

Самоизолација значи да се остане во затворено и целосно да се избегне контакт со други луѓе.

Голем број луѓе развиваат благи симптоми кои се појавуваат за неколку недели, но и покрај тоа можете да го ширите вирусот на други.

Кога има потреба од самоизолација ?

  • Кога имате симптоми на коронавирусот.
  • Пред да се тестирате за коронавирусот.
  • Додека го чекате резултатот од тестот.
  • Ако сте имале позитивен резултат од тестот.
  • Ако сте патувале во земјите со висок и среден ризик (треба да останете во изолација 14 дена).

Ако имате некој од симптомите веднаш повикајте лекар, не одете вие на лекар.

Кога да престанете со самоизолација ?

Ако ги исполнувате следните два услова:

  • Ако немате температура подолго од 5 дена.
  • Кога ќе поминат 14 дена од појавата на првите симптоми.

Што треба да правите кога сте во самоизолација ?

  • Седете дома, во посебна соба и редовно проветрувајте.
  • Одбегнувајте контакт со другите членови на домаќинството или при комуникација одржувајте растојание од минимум 2 метра.
  • Задолжително носете заштитна маска.
  • Користете посебна бања и тоалет. Или користете го последен и потоа темелно исчистете.
  • Следете ги симптомите и повикајте доктор доколку ви се влоши ситуацијата (самопроверка на температурата најмалку двапати дневно ). Јавете се во Службата „Ало, докторе”
  • Повикајте го вашиот доктор, не одете вие кај него.
  • Покривајте се додека кашлате, кивате со хартиено шамиче и веднаш фрлете го во кошница за отпадоци и измијте ги рацете.
  • Чистете ги рацете правилни и често.
  • Користете сопствен пешкир/крпа, прибор, постелнина,чаши – не споделувајте со други.
  • Чистете ја секојдневно просторијата во која седите со средство за домаќинство или средство за дезинфекција.
  • Редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Што не треба да правите кога сте во самоизолација ?

  • Не одете на училиште, факултет, работа, состаноци, социјални собири, групни настани.
  • Не споделувајте ги вашите работи со други.
  • Не повикувајте гости во вашиот дом.
  • Не користете јавен превоз.
  • Не пазарете. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството или пријател.
  • Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.