Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа и кандидатите за градоначалник во Општина Пласница

524

Во канцеларијата на ОИК во Пласница доцна попладнево, Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа кандидатите за иден прв човек на администарцијата во оваа општина, актуелниот градоначалник Алија Јаоски од ДУИ и кандидатот на Турската демократска партија, Абдулваит Карамалески.

По потпишувањето на кодексот актуелниот градоначалник Јаоски, истакна дека е поборник за фер и демократски избори и последниот збор, кој ќе биде прв човек на општината, нека го кажат избирачите.

– Впрочем јас и во досегашниот мандат никогаш не ги користев општинските добра за свои интереси и покажав дека на оваа фотеља не сум дојден за ништо друго, освен на овој народ да му помогнам подобро да живее, истакна Јаоски.