Кога зборовите се одвишок, Снеже Велков емотивно – Одговорот никој не го знае, освен Севишниот

158

Познатата ТВ водителка, новинарка и најпознатата македонска пилатес инструкторка Снеже Велков се огласи со многу емотивни зборови потсетувајќи не на личностите кои заминаа изминатата година, но и на почетокот на оваа:

Зоран Џорлев, Бранка Станковска. … -Заминаа засекогаш, ( и….Данчо Чевревски, Ѓоко Дончев, Драган Вучиќ, Атанас Ковачевски, Нина Спирова, Петар Станоевски, Данило Коцевски….) напуштајќи го овој свет полн со неизвесности, мачење и болка од една страна, радост, среќа, убавини, од друга страна…

Дали заради корона пандемијата, веројатно проклетата чума на 21-от век (од)игра голема улога во тоа, дали заради околностите и судбината која запишала дека едноставно до тука им било пишано, одговорот веројатно никој не го знае, освен Севишниот…

А, по заминувањето, зборовите се одвишок… Само задоцнета утеха за некого, за тагата и болката на оние што останале по оној што заминал, само болно сеќавање и спомен на убавите мигови минати заедно, само евоцирање спомени по оној што веќе го нема и неговите дела… И толку! Сето останато е само една голема празнина. За семејството и најблиските во душата, црна дупка во градите и срцето и спомен во мислите.