Кога во карантин ќе проработи креативноста/ФОТО

101
Фото: Facebook Whitney Jakub

Единаесети ден во карантин, открив ново хоби, напиша Витни Јакуб, студентка на Универзитетот во Колорадо, која ги воодушеви луѓето што ја следат на социјалните мрежи со нејзината креативност.

Бидејќи тоалет хартија има во доволни количини, особено откако сите „навалија“ на неа по маркетите, по најавата за светската епидемија на коронавирусот, Витни одлучила добро да се забавува.

Од тоалет хартија прави уметност, односно фигури на кои им дава и имиња.

Фотографиите ги објави на нејзиниот Фејсбук профил, а погледнете колку тоа изгледа креативно.