Ковачевски: Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, си вари кафиња и чита весници

43

Владините мерки не се за некој да седи по канцеларии, си вари кафиња и чита весници. Овие мерки се за граѓаните, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски побара од општините да си поднесат барање за комуналните претпријатија за снабдување со вода, за основните и за средните училишта.

– Во време на криза, не се финансира изобилие и удобство, туку солидарност – кажа Ковачевски.