Коалицијата на двајцата поранешни бугарски министри ќе се стреми да победи на парламентарните избори на 14 ноември

36

Целта на коалицијата „Продолжуваме со промената“ е да победиме на претстојните предвремени парламентарни избори на 14 ноември, изјави за Нова Њуз еден од лидерите на коалицијата, Асен Василев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев додаде дека коалицијата води разговори со други мали партии кои сакаат да ја поддржат и да ѝ се приклучат.

Асен Василев, исто така, објави дека нивните претставници се дел од иницијативниот комитет, кој ќе го предложи Румен Радев за втор претседателски мандат. Според него, Румен Радев е најдобриот претседател што Бугарија може да го предложи на изборите и рече дека тие цврсто ќе застанат зад него.

„Продолжуваме со промената“ постави пет услови за предизборен договор со ГЕРБ и ДПС. Условите се да не се зголемат даноците, и целосно да се собираат, да се запре илегалното пренасочување на парите од бугарските државни компании, за да можат работниците и компаниите да ги добијат платите и да ги платат даноците, образованието да функционира подобро, луѓето да можат квалитетно да се лекуваат во Бугарија без дополнително плаќање, и последното е спроведување судски реформи.

Најблиску до овие услови се „Демократска Бугарија“. „Продолжуваме со промената“ има многу разлики со Движењето за права и слободи, а водечка е темата за олигархот Делјан Пеевски. Коалицијата на двајцата поранешни бугарски министри соопшти дека верува во американската влада дека Пеевски бил вмешан во корупциски шеми во земјата.