Кнсетот ја одобри новата израелска Влада на единство

8

Израелскиот Парламент ја изгласа новата влада на единство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со што заврши најдолгата политичка криза во земјата, иако на Нетанјаху и понатаму му се суди за корупција.

Одлуката за поделба на власта со некогашен политички противник на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц се отвора патор за де факто анексија на делови од Западен Брег.

– Народот сакаше единство и тоа го доби, истакна Нетајаху пред пратениците.

Новата израелска влада ќе има 36 министри, што е најголема бројка во историјата на земјата.

Предвидено е Нетанјаху да ја извршува премиерската функција 18 месеци, а потоа местото да му го отстапи на Ганц, кој првично ќе биде министер за одбрана.

Нетанјаху во Кнесетот, пред положувањето на заклетва на новата влада на единство изјави дека е време за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

– Вистината е дека на тие територии се роди и разви еврејскиот народ. Време е да се примени израелскиот закон и да се испише ново славно поглавие во историјата на ционизмот, посочи Нетанјаху.

Врз основа на коалицискиот договор за поделба на власта помеѓу Нетанјаху и неговиот некогашен политички противник, лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц, планирано е на 1 јули да се претстави стратегијата за примена на планот на САД за решавање на израелско-палестинскиот судир.

Палестинците го отфрлија таквиот план, кој предвидува израелска анексија на Долината Јордан и еврејските населби во Западен Брег, палестинска територија окупирана во 1967 година. Во Западен Брег живеат 2,5 милиони Палестинци, а во изминатата деценија бројот на жители во еверејските населби се зголеми за 40 отсто на повеќе од 450.000 луѓе.

Израелските лидери за анексијата на Западен Брег во средата разговараа со американскито државен секретар Мајк Помпео, за време на неговата куса посета на Ерусалим.

Поголемиот број земји-членки на Европска Унија се против израелската анексија.

Нетанјаху (70) е со најдолг политички стаж во Израел, тој првпат дојде на власт во 1996 година и трипати по ред беше на чело на државата од 2009 година.

На 24 мај почнува судскиот процес против Нетанјаху по обинувањата за примање на мито и измама, дела што тој ги негира.

Извор:МИА