Книга: „Срце од мастило“ – безвременска приказна за книгите

13

„Срце од мастило“ на Корнелија Функе е безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот.

Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од ‘Срце од мастило’ што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги ‘исчитал’ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја ‘вчитал’ Мегината мајка! Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.