„Силвервју“ е роман од британскиот автор Џон Ле Каре. Џулијан Лондсли се откажува од својата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, само неколку месеци по почетокот на својата нова кариера, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант што живее во Силвервју, во голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога ќе се појави писмо на вратата на шефот на шпионите со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето. „Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството, и јавната должност и личниот морал. Во ова последно ремек-дело на најголемиот хроничар на нашето време, Џон Ле Каре прашува што ѝ должиме на државата што веќе не ја препознаваме.