Книга: “Приказна за суштината на времето“ – за созревањето

40

„Приказна за суштината на времето“ на Рут Озеки е интересен роман и наш предлог за убаво да си поминете едно ноемвриско попладне.

Исполнет со будистичка мудрост и со препознатливиот оптимистички хумор на Озеки, „Приказна за суштината на времето“ допира до самата срцевина на односот помеѓу писателот и читателот, минатото и сегашноста, стварноста и фикцијата, а патем ги допира и квантната физика, историјата и религијата. На крај, сето тоа се склопува во брилијантно инвентивна и убедлива приказна за човечноста и потрагата по чувството на сигурност.

Блескав роман за растењето и созревањето, согледан низ призмата на будистичката филозофија. Рут Озеки е канадско-американска писателка со јапонско потекло, која е авторка и на романите: Мојата година на месото (1998) и Се за создавањето (2002).