Книга: „Песните на Орфеја“ – помеѓу љубовта и смртта

20

„Песните на Орфеја“ на Хава Пинхас Коен добиваат своја особена аура и поинаква интонација, благодарејќи му на плодотворното присуство, но и на модерната реактуализација на Светото писмо и гласовите на јудаизмот во нив.

„Станува збор за, помалку или повеќе, препознатливите приказни, симболи и, уште повеќе, теми, неразделно поврзани со историското и исконското искуство, односно прогонствено патешествие на Евреите како библиски народ и, следствено, како древна култура, суштествено (и фатално) обележана од драмата на вечната (о)бездом(е)ност и прогонот од Рајската градина! Во голема мера, творештвото на Коен е поттикнато и предизвикано од парадоксалната и неизбежна врска, односно заемна упатеност, што владее помеѓу љубовта и смртта, како две интензивни гранични искуства. Тематско-мотивскиот комплекс Ерос-Танатос нагласено ја бои нејзината поезија“, ќе посочат од Магор.