Книга: „Освојување на среќата“ – во светот во кој живееме…

159

„Освојување на среќата“ на Бертранд Расел, на исклучително прониклив начин ги анализира практичните и секојдневни дилеми на луѓето, укажувајќи дека среќата не е дадена, туку дека треба да се освои.

„Со таа цел, Расел повикува на постојано рационално соочување со неизбежните неволи и лоши околности, кои се шират во светот во кој живееме. Бертранд Расел е еден од највлијателните филозофи, логичари и математичари на модерното време. ‘Освојување на среќата’ е дело што спаѓа во популарна филозофија и го содржи Раселовиот ‘лек за обичната секојдневна несреќа од која страдаат повеќето луѓе во цивилизираните земји, а која е уште понеподнослива зашто, земајќи го предвид фактот дека нема очигледен надворешен причинител, се чини дека е неизбежна’“, ќе посочи издавачот „Магор“.