„Не ми е страв“ на Николо Аманити е роман со кој авторот станал најмладиот добитник на престижната награда „Вијареџо“. „Дејството на книгата е сместено на југот од Италија, при крајот на 1970-тите години.

Најжешкото лето на дваесеттиот век. Мала заедница од пет куќи во огромно поле со пченица. Токму таму деветгодишниот Микеле Амитрано открива многу важна, страшна тајна и не му ја кажува никому. Во драматичните настани што следуваат, ќе се сруши детскиот свет, а возрасните ќе го прикажат своето вистинско, ужасно лице.

Италија на фудбалот, стриповите, старите ‘фиати’ и популарните радиомелодии е опишана во ритамот на вистински трилер. Моќен, лирски и многу вешто раскажан роман, споредуван со делата на Итало Калвино и на Стивен Кинг“, ќе посочи издавачот „Антолог“.