Книга: „Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав“

55

„Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав“ е насловот на книгата на новинарите Лора Тејт и Џими Рајс. Тие се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, а последните десет години ги имаат поминато во седење по англиски пабови и во муабети за животот и за љубовта, а сега заедно пишуваат книги. Џими сè уште ја прекорува Лора оти редовно доцни, а Лора сè уште може да продолжи да пие дури и откако Џими се онесвестил под маса.

Лора Тејт пишува колумни за списанијата „Шортлист“ и „Стајлист“, а Џими Рајс е хонорарен новинар. И двајцата живеат во Лондон.