Книга: „Катерина, Велика и Мала“ – за растењето, љубовта…

34

„Катерина, Велика и Мала“ на Оља Кнежевиќ, кој е победник на конкурсот за необјавен роман на издавачката куќа ВБЗ од Загреб во 2019 година, е хрватски бестселер. Тој е храбар и жесток роман, објавен на македонски од издавачката куќа „Македоника литера“. Авторката пишува директно, без задршка, без предрасуди и со страст за многу женски теми и дилеми, а посебно отворено за растењето, за љубовта, за сексот, за љубовните и за брачните врски.

„Не се распаѓав само јас. Надвор од моите темни sидови, светот се распаѓаше“, вели главниот лик Катерина на едно место, додека од Мала станува Голема. На улиците на црногорската престолнина, кои во еден момент стануваат премали па се продолжени до Белград и Лондон, Катерина е автентичен глас со специфичен авторски стил што подразбира комбинација на интимното и јавното. Од растењето во залезот на социјализмот, преку индициите за сè што се случило во тој регион и нурнувањето во нова војна и транзиција, Катерина е доволно кревка а во исто време и доволно силна за да си овозможи себеси да се изневери и да падне во најтемните агли на социјалното подземје и најболните љубовни и брачни катастрофи.