Книга: „И сè стана месечина“ – за колку време се чита еден расказ?

38

Како и претходните негови книги, штом излезе од печат, и збирката раскази „И сè стана месечина“ на Георги Господинов стана најпродавана во Бугарија.

„Таа содржи деветнаесет приказни пишувани во последниве години, некои од нив веќе објавувани во разни светски антологии, а сега спакувани во еден книжевен простор. Според авторот, тие имаат заедничка атмосфера и ги поврзува заедничка логика. Збирката започнува со расказот ‘Осум минути и деветнаесет секунди’. Тоа е времето на патување на светлината од Сонцето до Земјата. Но тоа може да е и времетраењето на читање на секоја поединечна приказна. Обидете се, уживањето е само пријатна последица, затоа што Господинов знае со зборовите. Тој ги припитомува и оживува, за потоа врз нас да истури мноштво од различни емоции. Маестрално!“, ќе посочат од издавачката куќа „Или-или“.