„Заокружување“ на Карл Фроде Тилер во 2009 година ја има добиено Европската награда за литература.
Во романот Давид не се сеќава кој е и со оглас во весник ги поканува пријателите и познајниците да му пишуваат писма, со цел да му се вратат сеќавањата. Пријателот од детството Јон, музичар чиј свет почнува да се руши, очувот Арвид, свештеник кој ја чека сопствената смрт, и љубовта од младоста Силје, средовечна жена која можеби наскоро ќе го напушти мажот, решаваат да одговорат на огласот.
Овие писма им даваат неочекувана можност да раскажат нешто за сопствените животи, додека истовремено ја заокружуваат приказната за Давид. Авторот Тилер (1970), пак, е еден од најмоќните нови гласови на норвешката книжевност и добитник е на бројни награди. Покрај романите, има напишано и неколку драми и голем број раскази.