Книга: „Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта“ – возбудлива приказна

17

„Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта“ на Мишел Марли е прекрасен роман кој ќе ве трогне опишувајќи го животот на познатата Коко Шанел и начинот на создавањето на познатиот парфем со нејзино име познат ширум светот.

„Париз, 1919 година. Коко Шанел има веќе успешна модна куќа во која шие за многу познати лица. Но, нејзиниот свет се распаѓа откако нејзиниот љубовник Бој Капел го губи животот во сообраќајна несреќа. Единствено што ја тера да продолжи понатаму е желбата да пронајде парфем во чест на својата најголема љубов. На патот на неговото пронаоѓање, таа го сретнува Дмитри Романов. Заедно тргнуваат на патување на југот од Франција. Токму тука ќе го пронајде тоа што го бара веќе подолго време, трагата на „мирисот на љубовта“. Возбудлива и фасцинантна романсирана биографија на модната икона Коко Шанел“, ќе посочи издавачот „Матица македонска“.